Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Градската библиотека “Тане Горгиевски“ набави 330 нови наслови, осносно 1150 книги белетристика.
Книгите се обработени и се ставени во функција. Купуваме се што е најново, а старите изданија кои се оштетени и се бараат ги обновуваме. Се работи за навистина квалитетна и интересна литература од 16 издавачки куќи. Ова ни е последна набавка за оваа година - вели Нада Ивановска, директорка на “Тане Горгиевски“.
Меѓу новите наслови има книги на македонски, англиски, српски и албански јазик.