Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Елизабета Костадиновска Костиќ, професор по француски и италијански јазик и поранешен помошник директор во “Браќа Миладиновци“ од вчера официјално е нова директорка на основното училиште “11 Октомври“.
Таа вели дека ќе работи за подобрување на уписната политика, зајакнување на ученичката заедница и збратимување со училишта од регионот и пошироко.
“Едно вакво училиште со извонредна централна градска позиција, извонредни просторни можности, обучен наставен кадар, мал број на ученици има и во таа насока ќе делувам. Тоа ќе ми биде главен приоритет, а втор приоритет ќе биде зајакнување на соработката со ученичката заедница да се чуе гласот на ученикот, што возрасните, воспитувачите мора да го земат во предвид бидејќи тоа ни е добар патоказ до каде сме и што треба да направиме за подобрување на воспитно-наставниот процес. Јас по професија сум професор по странски јазици, трет приоритет ќе ми биде воспоставување соработка со други училишта од регионот и пошироко“-рече Костадиновска Костиќ.
Соработката и збратимувањето со училишта од странство ќе помогне за размена на искуства и да видат како тамошните училишта функционираат.
Костадиновска Костиќ доаѓа на местото на Мерилин Стојчевска на која и заврши 4 годишниот мандат.