Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кумановскиот театар деновиве доби нова опрема од Министерството за култура.
Се работи за миксета и друга светлосна опрема која наскоро ќе биде ставена во функција.
“Пристигнати се три четвртини од техниката, која ни ја додели Министерството за култура која што ја чекавме од минатата година. Голема предност е да се работи со нова опрема. Тоа значи подобар квалитет, а нашата опрема не е сменета од 1979 година, кога била донирана опрема од Словенија. Таа опрема редно време било да се смени и мислам дека ова ќе значи многу подобар квалитет на осветлување на кумановскиот театар“ - изјави Симона Тоскиќ, продуцент во театар Куманово.
До крајот на 2015 година театарот треба да добие дополнителна техника за тон.