×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Нова опрема во Советот на Општина Куманово

    23.12.2019 09:10 | KumanovoNews

    Советот на Општина Куманово, доби 54 фотељи како дел од Програмата за јакнење на локалната самоуправа на Швајцарската агенција за развој и соработка преку во проектот „Зајакнување на општинските совети“, која се реализира преку Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

    Нова опрема во Советот на Општина Куманово

    „Со оваа донација се подобруваат условите за работа на советниците, а истовремено се создава можности тука да се одвиваат и средбите со граѓаните,  кои сакаат да се сретнат со избраниот советник. Овде завршува третата компонента, а за наредната година со други проекти ќе се обидеме комплетно да ја реконструираме и адаптираме целата просторија на Советот на Општина Куманово“, - вели Маја Петровска, координатор на проектот.

    Опремата во салата каде што се одржуваа седниците на Советот е стапа повеќе од 40 години.

    Проектот се состоеше во три компоненти. Во првата фаза општинските советници поминаа обуки, коишто ќе им помогнат поефективно да ги надгледуваат локалните буџети и директно да комуницираат со граѓаните при утврдување на приоритетите за трошење на буџетски средства на општината.

    Преку втората компонетната на Форумите за заедниците обезбедени се средства за реконструкција на просториите на основното училиште Браќа Миладиновци, каде настава посетуваат ученици со посебни потреби.  

     Третата фаза беше обезбедување на техничка опрема за Советот.

    Преку оваа програма во проектот беа вклучени петнаесет општини, односно: Чаир, Охрид, Струмица, Свети Николе, Валандово, Велес, Центар, Куманово, Брвеница, Желино, Гостивар, Струга, Кочани, Кавадрци и Могила.