×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Нови апарати во Општа болница Куманово

    01.12.2015 14:12 | KumanovoNews

    Општа болница Куманово доби  коронарен стрес тест, холтер за мерење  на крвен притисок и следење на срцев ритам, спирометар, пет екг апарати, ехо на синуси.

    Нови апарати во Општа болница Куманово

    Овие апарати се набавени со средства на установата и чинат околу 4 милиони денари. Директорот на болницата , Ариф Љатифи вели дека се преземаат повеќе мерки за поквалитетна услуга за пациентите.

    Ќе бидат воведени и нови методи кои досега не ги правевме во нашата болница. Ова е од апаратурата. Просторно да кажам ќе го промовираме новиот Ургентен центар што ќе биде инвестиција од Министерството за здравство, ќе биде 710 квадратни метри повеќе од 20 милиони. Имаме направено реконструкција на сите санитарни јазли. Во тек е реконструкција се сите специјалистички амбуланти. Јас мислам дека со ова нашите граѓани ќе имаат поквалитетни здравствени услуги и ќе им помогнеме колку што можеме - рече директорот.

    Државниот секретар во Министерството за здравство, Насуф Ипчја рече дека Куманово е регионален центар и помош во оваа болница добиваат и пациенти од регионот.

    Тука се Прешево, Медвеѓа и Бујановац. Сите тие пациенти користат права и можност во оваа институција, да ги имаат сите услуги како и во другите градови - рече Ипчја.

    Државниот секретар во Министерството за здравство,  Насуф Ипчја заедно со  министерот за локална самоуправа, Лирим Шабани и директорот на Фондот за здравство, Орхан Рамадани покрај Општа болница Куманово денеска ќе го посетат и Здравствен дом Липково.