Нови членови во Друштво на писатели Куманово
12.05.2014 10:09
| KumanovoNews
Ученици од Гимназија “Гоце Делчев“ деновиве ќе се зачленат во Друштво на писатели Куманово.

Се работи за средношколци кои имаат талент за пишување, дел од нив имаат свои збирки, учествувале во списанието “Корени“ и дополнително сакаат да се афирмираат.
- Нас тоа ни е намерата, да имаме подмладок, да ги поттикнеме младите што повеќе да творат. Тие во друштвото ќе се надградат и ќе можат да се докажат - вели Божана Трајковска, претседател на Друштво на писатели Куманово.
Со новопримените Друштво на писатели Куманово ќе има 24 члена.