×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Нови избирачки места на повеќе локации

    11.04.2014 07:56 | KumanovoNews

    Во Општина Куманово се отворени 39, а во Општина Липково 10 нови избирачки места, кои се распределени во училишта, приватни објекти, месни заедници, простории на јавни претпријатија.

    Нови избирачки места на повеќе локации

    Гласачите по азбучен ред на презимињата се поделени во новите избирачки места и целта е на едно гласачко место да нема повеќе од 1000 луѓе.

    Нови избирачки места 0995 и 0995/1 се отворени во ОУ “Толи Зордумис“, 1000 и 1000/1 се отворени во музичкото училиште “Панче Пешев“, 1001 и 1001/1 се наоѓаат првото во месна заедница „11 Октомври„ и другото во ОУ“11 Октомври“. Избирачките места 1006 и 1006/1 се во месна заедница Долно Којнаре.

     Во населбата Карпош во основното училиште “Магдалена Антова“ има повеќе нови избирачки места и тоа: 1008 каде ќе гласаат граѓани со презимиња кои почнуваат на А и Б, во 1008/1 ќе гласаат граѓани со презимиња од В до Д по азбучен ред, 1009 гласачи со презимиња од Ѓ до И, 1009/1 за гласачи со презимиња од Ј до Л, 1010 од Љ до М, 1010/1 од Н до П, 1011 од Ра до См, 1011/1 од Сн до Сш.

    Во ОУ “11 Октомври„ на избирачките места 1013 ќе гласаат избирачи со презимиња по азбучен ред од А до К, и на 1013/1 од Л до Ш. Две избирачки места ќе бидат во простории на ЈП „Чистота и зеленило“ и тоа 1014 каде ќе гласаат по азбучен ред од А до Љ и 1014/1 од М до Ш. Во ЈП “Водовод“ исто ќе има две избирачки места 1017 каде ќе гласаат по азбучен ред на презимиња од А до Љ и 1017/1 од М до Ш.

    Во Здружение на земјоделски производители на улица “Доне Божинов“ е избирачко место 1026 (по азбучен ред од А до Љ) и 1026/1 во истата зграда во “Силекс“ и 1025 во интернет кафе на иста локација. Три нови избирачки места има во ОУ “Наим Фрашери“.

    Во ОУ “Кочо Рацин“ нови избирачки места се: 1047(од А до М), 1047/1(од Н до Ш), 1048 (од А до Л), 1048/1(од Љ до Ш), 1049 (од А до Л), 1049/1(од Љ до Ш), 1050(од А до Љ), 1050/1(од М до Ш).

    Во месна заедница Зелен Рид се гласачки места 1051 (од А до Ма) и 1051/1 (од М до Ш).

    Во „Перо Наков“ се новите избирачки места 1055(од А до Љ) и 1055/1(од М до Ш).

    Во ОУ “Христијан Карпош“ се местата 1057, 1057/1, 1058, 1058/1, 1059 и 1059/1, а во месна заедница Перо Чичо се 1060 и 1060/1.

    Во техничкото училиште “Наце Буѓони“ се 1064 ( од А до М) и 1064/1 (од Н до Ш). Во школо во Лопате се 1078 ( од А до И), 1078/1 (од Ј до М), 1079(од Н до С) и 1079/1 (од Т до Ш).

    Во училиште во Тромеѓа се 1080 (од А до М) и 1080/1 (од Н до Ш).

    Во населба Иго Тричковиќ се 1086 (од А до Љ) и 1086/1 (од М до Ш).

    Во населба Вера Которка ќе се гласа во привате објект спроти кланицата 1087 (од А до Љ), 1087/1 (од М до Ш).

    Во Биљановце се 1091 (од А до Љ) и 1091/1 (од М до Ш).

    Во ОУ “Кирил и Методи“ во Романовце се 1097 (од А до Ѓ), 1097/1 (од Е до Ј), 1098( К - Р), 1098/1(С - Ш). Во училиштето во село Черкезе се 1101(само А), 1101/1(Б-Д), 1102(Ѓ-Ј), 1102/1(К-М), 1103(Н-С) и 1103/1(Т-Ш).

    Раководителот на општинското ДИК , Момчило Димковски објаснува дека времено иселените граѓани кои не се пријавиле во конзулатите сепак ќе можат да гласаат овде и на секое избирачко место во Општина Куманово, Липково и Старо Нагоричане ќе има посебен список, потпишан и заверен  со гласачи од дијаспората.