×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Новиот претседател да овозможи перспектива за младите

    13.04.2014 13:04 | KumanovoNews

    Од новиот претседател граѓаните очекуваат нови работни места за младите, подобрување на економијата, влез во ЕУ и НАТО.

    Новиот претседател да овозможи перспектива за младите

    Како што јас си ја знам мојата работа, така и претседателот треба да си ја знае неговата работа. Си има задачи и обврски кои треба да си ги исполни. Јас се надевам дека ќе биде подобро. Највеќе ни требаат вработувања за младите, но секоја следна година ќе биде поуспешна - вели Ѓокица Тасевски, граѓанин.

    Граѓаните се оптимисти дека новиот претседател ќе донесе посветла иднина за земјата.

     Моментално најдобро е да влеземе во НАТО. Децата не ми работат  и внуците се со факултет и не се вработени, па здравје ако имаат среќа ќе се вработат. Јас сум оптимист и верувам дека ќе биде подобро - рече Бранко Тодоровски, граѓанин.

    Мир, просперитет, подобрување на стандардот очекуваат граѓаните од идниот шеф на државата.