×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Новогодишни честитки до граѓаните од партиите

    31.12.2012 14:25 | KumanovoNews

     Раководствата на двете најголеми политички партии во Општината, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, денеска упатија новогодишни честитки до граѓаните на Куманово.

    Новогодишни честитки до граѓаните од партиите

     Истекуваат последните часови од 2012 година. На прагот сме на Новата 2013 година, време кога секој сака да ги заборави лошите моменти од мината година и време кога секој сака да му се исполнат неостварените желби и да има послетла и подобра иднина за себе и за своите најблиски во Новата година. Граѓаните сакаат мир, стабилност, егзистенција за себе и за своите деца, слободно да мислат и слободно да патуваат. Сакаат реформи за подобар живот, сакаат демократија, чесност и одговорност од сите политичари. Можност за тоа се престојните избори во март. Повеќе од сигурен сум дека тогаш граѓаните ќе ги препознаат вистинските вредности, ќе знаат за што и за кого ќе гласаат. Тое е нивно демократско право, кое никој не смее да им го ускрати. Сакам на сите граѓани на општината Куманово во Новата 2013 година да им посакам, на нив и на нивните семејства, прво здравје, успех во работата, среќа, мир и благодет-изјави Зоран Ѓеоргиевски, кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ.

     Честитка упати и претседателката на СДСМ.

      Зад нас оставаме година во која многу очекувавме, но за жал останавме со многу неостварени желби. Останавме пак пред вратата на ЕУ и НАТО да чекаме во неизвесност, но сепак со надеж дека овие желби ќе ни се исполнат. Се надевам дека сите заедно ќе имаме сила да останеме упорни и единствени, со заеднички залагања и меѓусебна толеранција, да направиме Куманово да биде уште поубаво, а Република Македонија да биде држава почитувана и ценета во целиот свет. За тоа имаме сила, воља и желба, а со единство и упорност нема желба која не може да се оствари. Во пресрет на 2013 година, ќе посакам добро здравје на сите граѓани, а најмногу на оние на кои им е најпотребно. Љубов кон најблиските, семејно спокојство во секој дом, трпение и меѓусебна толеранција и многу храброст и сила да ги издржиме сите предизвици, кои ни ги носи животот. На сите граѓани на Куманово, Среќна Нова 2013 година, а православните христијани ги повикувам на 6 јануари на Градскиот плоштад да го прославиме Бадник во организација на СДСМ- рече Снежана Захариева, претседателка на општинската организација на СДСМ.