Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски, денеска по повод новогодишните празници подели новогодишни пакетчиња во Здружението на глуви и наглуви лица - Куманово, како и на децата од ромската заедница.
„Денеска заедно со Дедо Мраз традиционално поделиме новогодишни пакетчиња. На дечињата им
посакав следната 2022 година да им се оствари се што ќе посакаат, да бидат среќни, здрави, весели. Како општина ќе продолжиме да имплементираме мерки кои имаат за цел да го подобрат животот на сите
граѓани во Куманово, без разлика на нивната етничка, верска или каква било друга припадност. Куманово е град за сите и Куманово ќе продолжи да биде град на соживотот“, рече Димитриевски.
Тој во предпразничниот период најави пакетчиња на повеќе дечиња од ранливите категории на семејства.