×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Новогодишни пакетчиња за лицата со попреченост во „Порака наша“

    23.12.2019 13:38 | KumanovoNews

    Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски, денеска подели новогодишни пакетчиња на лицата со интелектуална попреченост во Дневниот центар „Порака Наша“, како и на децата од Здружението на глуви и наглуви Куманово, по повод новогодишните празници.

    Новогодишни пакетчиња за лицата со попреченост во „Порака наша“

    Ова е традиционална посета на градоначалникот на огромна радост на корисниците, кои секојдневно се дел од двата центри.

    „Во оваа прилика сакам да ги поздравам сите што работат на проектот, бидејќи имаме граѓани на кои им е потребна помош, социјализација, интеграција и инклузија. Сакам да ја искористам оваа прилика да им ги честитам престојните празници и да се заблагодарам на сите оние коишто даваат придонес овој проект да биде успешно имплементиран“, - изјави Димитриевски.

     Во име на вработените и штитениците, се заблагодари Мартина Костовска, која истакна дека веќе 13 години локалната самоуправа делумно го финансира центарот. Благодарејќи на нивната поддршка и опстојуваат.

    Во текот на оваа недела, ќе се одржат уште неколку новогодишни настани, а ќе бидат однесени подароци во повеќе институции каде престојуваат деца од ранливите категории.

    Во новогодишната програма наменета за деца се предвидува и учество на  жонглери, Дедо Мраз, ликови од цртаните филмови, работилница за новогодишни украси и новогодишни забави.