Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Националниот ромски центар денеска одбележа 10 години постоење.
На свеченоста по повод роденденот беше кажано дека се реализирани бројни проекти за вадење на лични документи на луѓе од ромска популација, работеле да се намали оспитувањето на децата од училиштата, давале бесплатна правна помош, а во наредниот период ќе се фокусираат на домувањето и обезбедување на пристојни услови за живеење. Од НРЦ велат дека иако таргет група им се Ромите, сепак нудат помош на сите луѓе без разлика на вера, пол и нација.
Сега работиме во 6 града и работиме на едно многу важно прашање, тоа е прашањето на домот, правото на домување. Се надеваме дека ќе успееме врзувајќи ги компонентите. Ако има семејството добра инфраструктура, тие можат да размислуваат покреативно, позитивно, да бидат здравствено подобри, а со тоа да имаат подобро здравје, да се едуцираат, правилно, да се развиваат - изјави Ашмет Елезовски од НРЦ.
Катерина Шојиќ, раководител на правна програма и застапување кажа дека организацијата се залага за еднаквост на сите граѓани.
Беа одржани 120 предавања во повеќе градови во Република Македонија во соработка со лекари и со институциите од секундарна и терцијарна заштита. Бевме од оние кои во 2008 година се застапуваа да се усвои Закон за правата на пациентите. Бевме од оние кои се залагаа лековите за астма да бидат на позитивна листа, затоа што се скапи, а граѓаните имаат потреба од нив - кажа Шојиќ.
На одбележување на 10 години постоење на НРЦ присуствуваа советници, претставници на други невладини организации, политички партии, граѓани и други гости.