×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Обединетите Арапски Емирати ги укинуваат визите за македонските граѓани

    25.04.2025 13:26 | KumanovoNews

    Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) ги укинуваат визите за македонските граѓани, кои се потребна за патување во оваа земја.

    Обединетите Арапски Емирати ги укинуваат визите за македонските граѓани

    Како што соопштија од Владата, при посетата на премиерот Христијан Мицкоски и владината делегација на Обединетите Арапски Емирати било побарано укинување на визите и тоа барање е прифатено.

    "Последната посета на Обединетите Арапски Емирати го донесе првиот конкретен резултат. На наше барање, тие ги укинуваат визите кои беа потребни за патување кон оваа земја. Наскоро со конкретната примена на одлуката за без визното патување ќе се влијае на посилна економија, слободно патување, зајакнување на меѓусебното партнерство. Се бориме на секој можен начин да се помогне на нашите граѓани, и со секој ден да се носат промени за заедничката иднина", соопшти Владата.

    OAE на Арапскиот Полуостров, е федерација од седум емирати, главен град е Абу Даби, а најнаселен е емиратот Дубаи.

    Владина делегација предводена од премиерот Мицкоски минатата недела беше во официјална посета на Обединетите Арапски Емирати.