×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Обезбедени се доволни количини на крв за болното дете, семејството се заблагодарува на граѓаните

    02.06.2020 11:25 | KumanovoNews

    Собрани се доволни количини на крв од групата А негатив, за 14-годишното девојче, кои се неопходни за лекување на нејзината тешка болест.

    Обезбедени се доволни количини на крв за болното дете, семејството се заблагодарува на граѓаните

    Семејството се заблагодарува на граѓаните што во толкав број се јавиле да помогнат, по синоќешното објавување на повикот на Кумановоњус.

    „Голема благодарност до сите хумани луѓе кои се јавија и понудија помош, но и сите останати граѓани кои ни дадоа поддршка во овие тешки моменти. Бидејќи се` уште се јавуваа граѓаните, сакаме да ги известиме крводарителите дека има доволни количини на крв и дека во моментот акцијата е завршена. Уште еднаш се покажа дека хуманоста нема граници и добрината на луѓето е безгранична во вакви тешки моменти“, - велат од семејството.

    Четиринаесет годишното дете е на Скопските клиники и неопходна е крв од групата А Rh негатив за негово лекување.