×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Обид за приклучок на диво ги остави без вода жителите на високата зона во Куманово

    05.07.2023 07:59 | Сузана Николиќ

    Повеќе од 8 часа вчера останаа без вода жителите на високата зона во Куманово, поради оштетен шибер на главната водоводна мрежа на ул. Тоде Мендол, кај мостот на патот кон Романовце, предизвикан од обид за нелегално приклучување. 

    Обид за приклучок на диво ги остави без вода жителите на високата зона во Куманово

    Од ЈП  Водовод велат дека случајот го пријавиле во полиција и очекуваат да се  преземат мерки за откривање на сторителот.

    „Во понеделникот во вечерните часови некој се обидел неовластено да се приклучи на мрежата и поради нестручно ракување го скршил шиберот.  Мораше да се направи комплетна замена и за тоа ни требаше време. Трпиме големи штети и ние како претпријатие и граѓаните, поради ваквото несовесно однесување на поединци. Нас ни е правена штета од од 200.000 до 300.000 денари, наша екипа цел ден работеше на терен, а граѓаните останаа без вода на овие високи температури“, вели директорот Оливер Стојмановски.

    Дефектот е отстранет околу 16 часот и водоснабдувањето во тој дела на градот е нормализиран.

    Стојмановски додава дека често се оштетува нивната мрежа, поради дивите приклучоци на водоводната и канализациска мрежа, а особено е присутно самоволието на поединци, кои додека ги реновираат становите без најава ја затвораат водата во целата зграда, па станарите реагираат кај нив.