Обилен дожд, ветар и грмежи во наредните 24 часа
19.11.2013 12:24
| KumanovoNews
Ноќеска и утре кумановско ќе го зафатат врнежи од дожд проследени со ветар и грмежи.

Ќе има повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Врнежите ќе бидат пообилни и локално ќе наврнат над 30 литри на метар квадратен. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветар и ретки грмежи. - стои во вонредното соопштение од Регионалниот центар за управување со кризи.
Дневните температури денеска се движат од 10 до 17 Целзиусови степени, а приближно исти температури не очекуваат и во наредните неколку дена.