×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Објавен конкурс за упис во средните училишта - Во Куманово слободни 2.584 места

    01.04.2019 10:00 | KumanovoNews

     Министерството за образование и наука викендов го објави Конкурсот за запишување ученици во средното образование во учебната 2019/2020 година за гимназиско, стручно, уметничко и образование за ученици со посебни образовни потреби.

    Објавен конкурс за упис во средните училишта - Во Куманово слободни 2.584 места

    Во четирите средни училишта во Куманово, за наредната учебна година слободни се 2.584 места, за упис на ученици во прва година.

      СРЕДНО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ ГИМНАЗИЈА „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“

    Во прва година ќе се запишат 374 ученици во 11 паралелки (340 учени­ци во 10 паралелки со настава на македонски јазик и 34 ученици во 1 паралелка со настава на српски јазик) според наставните планови и програми за:

    Гимназиско образование – 374 ученици, 11 паралелки.

    СРЕДНО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ ГИМНАЗИЈА „САМИ ФРАШЕРИ“

    Во прва година ќе се запишат 272 ученици во 8 паралелки со настава на албански јазик според наставните планови и програми за:

    Гимназиско образование – 272 ученици, 8 паралелки.

    СРЕДНО СТРУЧНО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ „КИРО БУРНАЗ“

    Во прва година ќе се запишат 510 ученици во 15 паралелки (374 ученици во 11 паралелки со настава на македонски јазик и 136 ученици во 4 паралелки со настава на албански јазик) според наставните планови и програми за:

    Земјоделско-ветеринарна струка - 238 ученици, 7 паралелки,

    Хемиско-технолошка струка – 102 ученици, 3 паралелки,

    Лични услуги - 102 ученици, 3 паралелки,

    Машинска струка - 68 ученици, 2 паралелки.

    СРЕДНО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ „ПЕРО НАКОВ“

    Во прва година ќе се запишат 714 ученици во 21 паралелка (340 уче­ни­ци во 10 паралелки со настава на македонски јазик и 374 ученици во 11 паралелки со настава на албански јазик) според наставните планови и програми за:

    Економско-правна и трговска струка - 442 ученици, 13 паралелки,

    Текстилно - кожарска струка - 272 ученици, 8 паралелки.

     ОПШТИНСКО СРЕДНО ТЕХНИЧКО УЧИЛИШТЕ „НАЦЕ БУЃОНИ“

    Во прва година ќе се запишат 714 ученици во 21 паралелка (340 ученици во 10 паралелки со настава на македонски јазик и 374 ученици во 11 паралелки со настава на албански јазик) според наставните планови и програми за:

    Електротехничка струка - 340 ученици, 10 паралелки,

    Здравствена струка - 170 ученици, 5 паралелки.

    Во Липково во новата учебна година ќе се запишат 136 ученици.

    СРЕДНО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ „ИСМЕТ ЈАШАРИ“

    Во прва година ќе се запишат 136 ученици во 4 паралелки со настава на албански јазик според наставните планови и програми за: гимназиско образование - 136 ученици,  4 паралелки.