×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Објавен повикот за мерката практиканство во Центарот за вработување Куманово

    25.05.2023 15:43 | Оливера Пешевска

    Агенцијата за вработување го објави оперативниот план за активни мерки и програми за 2023 година за невработените лица во државата.

    Објавен повикот за мерката практиканство во Центарот за вработување Куманово

    Меѓу нив е и мерката парктиканство која се однесува на младите, невработени лица до 29 години, евидентирани како активни баратели на работа, кои имаат завршено минимум средно образование, а немаат работно искуство.

    „Јавниот повик е отворен до исполнување на целокупната бројка.Во процесот на селекција во предвид се зема и принципот на равномерен регионален развој, а според тоа дека Североисточниот е најнеразвиен регион очекуваме бројката за Куманово да биде поголема“, изјави Марија Димитриевска, раководителка на Центарот за вработување Куманово.

    Мерката се реализира во период од 3 месеци кај работодавачи, а младите невработени лица за тој период стекнуваат практични работни знаење и вештини, потребни за извршување на одредени работни задачи на конкретно работно место. За секој кандидат вклучен во мерката практиканство е предвидена финансиска  подршка во бруто износ од 11 илјади денари месечно, а во износот е вклучено осигурување за инвалидност и телесно оштетување и професионална болест и данокот на личен доход. Заинтересираните можат да аплицираат се до исполнување на предвидениот опфат на корисници.

    Едно лице мерката за практиканство може да ја искористи само еднаш, и нема повеќе право. Но, тука е Законот за практиканство кој дозволува младите, невработени лица да можат да се вклучат како практиканти кај друг работодавач, со тоа што периодот е ограничен на 6 месеци и трошоците за надоместокот кој го добива практикантот паѓа на товар на работодавачот.

    За споредба, минатата година во Мерката за практиканство во Центар за вработување Куманово биле склучени договори со 201 младо невработено лице кај 160 работадавачи.

    „Успешноста на проектот се оценува со бројот на склучени договори за вработување во период од 6 до 12 месеци по завршување на мерката-процентот за 2022 година е задоволителен и изнесува 32,5% од лицата кои биле учесници на оваа мерка“, потенцираше Димитриевска.

    Од почетокот на годината до сега има пријавени 30 млади невработени лица. Слободни места за практиканство има за 1.600 лица на државно ниво, од кои 300 се со подршка на ИПА 4 директен грант.