Објавен повикот за субвенционирање на старите занаети во Куманово
Занаетчиската комора на Куманово го објави повикот за субвенционирање на старите занаети, кој ќе трае до 20 септември.

За оваа намена, Општина Куманово издвојува 150.000 денари.
„Ќе субвенционираме десет стари занаети, колку што е предвидено со буџетот од Општината. Иако средствата не се големи, целта е да ги испочитуваме занаетчиите и да дадеме поддршка на нашата историја и култура. Затоа ги повикувам сите занаетчии на стари занаети да се пријават во Занаетчиската комора, во просторијата каде што се наоѓа сувенирницата. Оние што ги исполнуваат условите ќе можат да добијат поддршка“, изјави Агрон Фазлију, претседател на Здружението.
На 25 септември во Занаетчискиот дом ќе се одржи Саем на занаетчиите, кога ќе им бидат врачени и ваучерите на добитниците на субвенции.