Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Општина Куманово го објави списокот со имиња на лицата кои добиле субвенции за набавка на инвертер клима уреди.
На него се наоѓаат 91 граѓани, иако Сектор за комунални работи објави дека 92 лица оствариле право на мерката.
Јавноста бараше јавно објавување на списокот, пракса која ја применуваат министерствата кои обезбедуваат помош за граѓаните.
Субвенционирање на клима уреди беше мерка од Програмата за заштита на животна средина и чист воздух. Намерата беше да се смени начинот на загревање на домовите, од греење на дрва со високо ефикасни уреди на електрична енергија, со што би се намалило аерозагадувањето во текот на зимските месеци.
За ова намена од локалниот буџет се издвоени 2,044 милиони денари, сума доволна за субвенционирање на 92 семејства.
Нема одбиени апликанти на повикот, но беше затворен по само 7 работни дена од започнувањето. Причината за толку кратко времетраење на повикот е поради тоа што дошло до исцрпување на предвидените парични средства. Барањата се разгледувани и одбрувани по принципот „прв дојден, прв услужен“.
Дел од советниците имаа замерка дека повикот требал да има построго утврдени критериуми, иако ја поздравија како позитивна во насока на зачувување на животната средина.
Списокот на граѓани кои добија субвенции е објавен на општинската интернет страница.