×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Објавени телефонски броеви за пријавување на сомнителни случаи со коронавирус

    25.02.2020 18:39 | KumanovoNews

    На телефонски броеви во Институтот за јавно здравје и во центрите за јавно здравје во државата можат да се пријават сомнителните случаи со симптоми налик на коронавирус по пристигнување во територијата на Македонија, објави денеска Министерството за здравство.

    Објавени телефонски броеви за пријавување на сомнителни случаи со коронавирус

    Сите коишто ќе се пријават ќе се тестираат во центрите за јавно здравје, а евентуалната изолација би била на одделенијата за инфективни болести. За Куманово треба да се јават на телефонскиот број 070/215-851.

    „Апелирам до пациентите кои доаѓаат од критичните места точно да одговараат на прашањата на граничните полицајци и на вработените во царина. Да не кријат информации. Да се придржуваат до упатставата кои ги добиваат во информативните матерјали на аеродромите и на граничните премини, и доколку се сомневаат на симптоми, да не одат по клиниките, туку да се јават на еден од десетината телефони во Центарот за јавно здравје и во Институтот за јавно здравје“, рече денеска министерот за здравство Венко Филипче.

    Тестирањата на првите два сомнителни случаи во државата, покажаа дека се негативни на коронаворусот, туку дека станува збор за болни од обичен грип.

    Влегувањето во земјата од кризните подрачја е ограничен само преку аеродромите во Скопје и Охрид и граничните премини Ќафасан, Табановце, Блаце, Богородица и Деве Баир.