×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Обука за градење капацитети за спроведување на зелената агенда се одржа во Куманово

    24.12.2024 09:21 | Оливера Пешевска

    Работилница на темата „Регионална обука за градење капацитети за спроведување на зелената агенда на Западен Балкан на локално ниво“ се одржа со присуство на членови на општинската администрација од Куманово, Ранковце, Липково, Крива Паланка и граѓански организации од Североисточниот регион. 

    Обука за градење капацитети за спроведување на зелената агенда се одржа во Куманово

    Организатор е Центарот за климатски промени од Скопје, а нивен партнер на локално ниво е Националниот ромски центар од Куманово.

    „Целта е да ги доближиме политиките поврзани со зелената агенда за Западен Балкан до општините, локалната самоуправа, јавните комунални и сите други јавни претпријатија кои функционираат на локално ниво, до граѓанските организации,  и до граѓаните генерално. Со тоа би се подобрило спроведувањето на политиките и барањата на зелената агенда за Западен Балкан (ЗЕЗБ)“, истакна Бојана Станојевска Пецуровска, Центар за климатски промени.

    Со оглед на фактот што во Куманово нема ниту една организација од невладиниот, граѓански сектор кое работи и функционира на еколошки теми и теми за заштита на животната средина договор е постигнат со Националниот ромски центар.

    „За ова работилница можам да кажам дека има доста широки теми, потребни во секојдневието за подобар живот на сите и се надеваме дека во блиска иднина ќе успееме и ние да бидеме дел од сите овие процеси за позитивни резултати и активности. Колку во тоа ќе успееме, зависи од неколку причини, ова е за нас ново поле на дејствување“, изјави Ашмет Елезовски од НРЦ. 

    По неколку вакви работилници во Македонија констатирано е дека секаде во државата состојбата е слична, а најголем приоритет е управувањето со отпад и аерозагадувањето. До сега во сите региони како главни проблеми кои се потенцирани и активности кои се усвоени се однесуваат на селекција на отпадот и постапувањето и подобрување на отпадот на локално ниво.

    Самата зелена агенда претставува широка политичка рамка, која се базира на пет столба- декарбонизација, циркуларна економија, контрола на загадување, биодиверзитет и обнова на еко системи и одржливо земјоделство и производство на храна. Како што нагласуваат тоа е прилично широк спектар на активности за кои, за да се очекува подобро спроведување мора да се делува интегрирано, и од локално ниво нагоре пристап.

    Се работи за тригодишен проект, кој веќе една година се спроведува, а треба да заврши во септември 2026 година.