×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Обука за млади и жени од рурални средини

    07.11.2015 10:51 | KumanovoNews

    Триесетина млади и жени од руралните средини на возраст од 15 до 24 години од нашиот регион денеска се на обука, во рамки на проектот “Граѓанско учество во руралните средини“.

    Обука за млади и жени од рурални средини

    Ова е еден вид на неформално образование, кој има за цел да ги запознае младите и жените од рурална средина кои можности ги имаат во нивната заедница, како да генерираат бизнис идеи и да отворат свои бизниси. Проектот го реализираат Бујрум и Гласот на селото од Куманово, Норгес Вел од Крива Паланка и Фондација за развој на локалната заедница од Штип.

    Ова ни е прва обука, а ќе имаме уште две идентични обуки. Потоа ќе имаме обука за бизнис планови и во тој дел повеќе ќе ги искористиме жените од рурални средини, за да направат бизнис планови и ако се во можност да ги имплементираат. Целта на обуката е да се информираат младите од рурални средини, за оние работи кои не можат да ги научат на училиште, а тоа е локална самоуправа, децентрализација, екологија. Учат ако градиме куќа каде да се обратиме, во која релевантна институција - изјави Александра Тасиќ од “Бујрум“.

    Даниела Анастасовска од Норгес Вел вели дека преку интерактивни обуки младите ќе се запознаат што е демократија, бизнис, менаџмент и слично.

    Да им дадеме до знаење дека во нивните средини можат да постигнат повеќе доколку го надополнат своето знаење. Ние се надеваме гледајќи го интересот на младите дека ќе имаме добри резултати. Но, нема да застанеме тука. Сакаме да продолжиме понатаму, да ја подигнеме нивната свест на повисоко ниво, да знаат што имаат во нивните средини - рече Анастасовска.

    Обучувачот Борис Шарковски од Фондација за развој на локална заедница Штип вели дека младите имаат мали познавања на темата, но тие треба да се надополнат.

    Како да ги заштитат своите човекови права во првиот дел и во вториот дел ќе зборуваме за граѓанскиот активизам, кои се формите на учество, кои се законските форми. Ќе се обидеме да ги натераме младите да смислат акција за решавање на некој проблем во нивната средина. Основни познавања на темата веќе имаат - кажа тој.

    Проектот ги опфаќа младите од Куманово, Липково, Старо Нагоричане, Кратово, Крива Паланка, Ранковце и  финансиски е поддржан од УСАИД.