Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во просториите на Црвен Крст утре од 10 до 14 часот ќе се оддржи предавање за проекти за промоција на хумани вредности.
Обуката за средношколци ќе ја водат професорките Светлана Илиевска Алексовска од СОУ “Наце Буѓони“ и Мајлинда Реџепи од СОУ “Перо Наков“.
Целта е да се регрутираат нови волонтери и да се помогне на ранливото население преку реализација на кратки проекти за добробит на заедницата. По оваа обука ќе има уште една со претставници од Црвен Крст од Скопје, а потоа учениците ќе треба да дадат идеи и да почнат со реализација - објаснува Сања Голубовска, координатор на млади во Црвен Крст.
Проектите за промоција на хумани вредности ќе треба да бидат реализирани до март 2014 година.