Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Утре ќе се оддржи работилница на која ќе се зборува за конкурентската предност на регионот.
Територијалната анализа е поттик на регионалната економија преку конкретни и практични предлози и резултати. Процесот на планирање на развојот на Североисточниот плански регион ќе добие и надворешна поддршка. Домашните експерти од фондацијата Преда Плус , ќе нè водат низ процесот заедно со други домашни консултанти, во делот на развојните планирања. Во случајов станува збор за искусна екипа на експерти од повеќе области, кои претходно работеле во Македонија и во соседство - вели Атина Мургашанска, заменик раководител на Североисточен плански регион.
На обуката ќе се направи анализа на повеќе сектори и нивната врска со локалните, регионалните, националните и меѓународните пазари.
Обуката ќе се одржи во хотел “Хармонија“ од 10 до 15 часот.