×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Обвинение за 29 учесници во настаните во Тоде Мендол

    05.11.2015 10:01 | KumanovoNews

    Обвинителството поднесе обвинение против 29 лица, учесници од настаните од 9 и 10 мај во кумановската населба Тоде Мендол.

    Обвинение за 29 учесници во настаните во Тоде Мендол

    Ќе одговараат за кривични дела терористичка организација и тероризам, а воедно доставен е предлог за продолжување на притворот за сите 29 обвинети.

    За делото тероризам казните се движат од 10 години до доживотен затвор, а за терористичка организација до 15 години затвор. Истрагата за Диво Насеље двапати се прошируваше откако пред неколку дена обвинителството осомничи уште три лица дека ја помагале акцијата, а минатиот месец во акцијата „Молња“ беа упасени уште 7 осомничени за помагање на кумановската група.

    Неодамна поради немање докази беше ослободен полицаецот Африм Сулејмани од селото Ваксинце, за кого полицијата се сомневаше дека и помагал на групата.