×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Од 1 јануари стартува бесплатниот автобуски превоз за граѓаните, кој чини пола милион евра

    30.12.2022 11:56 | Оливера Пешевска

     Од недела 1. јануари ќе стапи на сила одлуката за бесплатен линиски превоз во градот,информираат од Општина Куманово .

    Од 1 јануари стартува бесплатниот автобуски превоз за граѓаните, кој чини пола милион евра

    Тоа во пракса значи дека граѓаните ќе можат без пари да се возат во било кој автобус на сите општински линии во Куманово.

    „Ги известуваме граѓаните на Општина Куманово, дека согласно Одлуката за субвенционирање на општински линиски превоз на патници на подрачјето на Општина Куманово, донесена на седница на Совет на Општина Куманово на 27 декември 2022 година, сите граѓани ќе можат бесплатно да користат општински линиски превоз од 01.01.2023 година заклучно со 30.06.2023 година, на сите линии согласно утврдените возни редови“, информираат од Општина Куманово.

    Бесплатниот јавен превоз ќе го вршат приватните превозниците кои веќе имаат дозвола и договор за работа и во моментот ја извршуваат услугата во Куманово. Предвидено е возниот ред да се истакне на автобуски постојки, а објавен е и на општинскиот сајт.

    На превозниците ќе им се плаќа по 40 денари од поминат километар, кои ќе сообраќаат на 27 линии во приградските населби и селата. За таа услуга од општинскиот буџет на приватните превозници ќе им бидат исплатени 30 милиони денари или 485 илјади евра.  Оваа едногласна одлука на советниците во Советот на Општина Куманово наиде на одобрување на дел од граѓаните, но и на доста критики, затоа што сметаат дека во време на економска криза има поприоритетни проблеми за решавање.

    Власта ја правдаше одлуката со тоа дека сака да им помогне на граѓаните, да се намали загадувањето на воздухот, да се реши сообраќајниот хаос, проблемот со паркирањето и да се намалат дивите такси превозници во градот.

    Куманово е првата општина во земјата која воведе бесплатен јавен превоз за сите граѓаните.