×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Од 1 јули годишните ддв обврзници преминуваат во тримесечни

    25.04.2014 13:33 | KumanovoNews

    Сите годишни даночни обврзници на ддв од 1 јули 2014 година преминуваат во тримесечни даночни обврзници.

    Од 1 јули годишните ддв обврзници преминуваат во тримесечни

    За прв даночен период во 2014 година за овие даночни обврзници ќе им се смета периодот од 1 јануари до 30 јуни 2014 година.

    Со измените и дополнувањата на Законот за данокот на додадена вредност, се укинува можноста како даночен период да се смета календарска година, поради што сите годишни ддв обврзници од 1 јули 2014 година ќе преминат во тримесечни ддв обврзници.

    За првиот даночен период ќе треба да ја платат ддв обврската најдоцна до 25 јули 2014 година.

    Даночните обврзници кои ќе преминат од годишни во тримесечни ддв обврзници треба да се прилагодат за електронското пријавување на ддв преку системот е - даноци.