Од 1 јули се отвораат аеродромите
23.06.2020 18:14
| KumanovoNews
Двата аеродроми во државата ќе започнат со работа на 1 јули, одлучи Владата на денешната седница.
„Владата денеска донесе одлука од 1 јули, среда, да бидат отворени за сообраќај Меѓународниот аеродром Скопје и на Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид“, соопштуваат од Владата.
Врз основа на препораките на Комисијата за заразни болести, Владата на Република Северна Македонија на денешната 72 седница донесе одлука од петок, 26 јуни 2020 година, целосно да бидат отворени сите гранични премини за непречено движење на патници и возила без приложување на ПЦР тестови, и без упатување до домашна изолација или спроведување во задолжителен државен карантин.
(фото. pexels.com)