×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Од 18 март граѓаните ќе можат да докупат стаж за пензија

    13.02.2020 13:18 | KumanovoNews

    Лицата кои наполниле 65 години, а немаат 15 години работен стаж, поради неплатени придонеси, согласно Законот за пензиско и инвалидско осигурување, кој беше донесен во Собранието, од 18 март ќе можат сами да си го докупат.

    Од 18 март граѓаните ќе можат да докупат стаж за пензија

    Меѓутоа, оваа одлука важи само за оние на кои им недостасува стаж до крајот на 2008 година т.е станува збор за фирми кои во меѓувреме се ликвидирани, со што на вработените или не им е платен стажот или воопшто не е внесен.

    За еден месец страж граѓаните ќе треба да платат 1400 денари, а можност за откупување на стажот ќе имаат и членовите од семејството на осигуреник кој починал, за да може и тие да се стекнат со семејна пензија.

    Плаќањето се однесува за оној период за кој граѓанинот има поднесено барање за плаќање на придонес, под услов да биде пријавен во задолжително социјално осигурување.

    Законот стапува на сила на 18 февруари, а ќе почне да се применува еден месец подоцна на 18 март.