×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Oд денеска отворени границите, без обврска за тест и карантин

    26.06.2020 09:30 | KumanovoNews

    Од денеска целосно се отвораат сите гранични премини во државата со што македонските државјани и странците непречено ќе влегуваат и излегуваат од земјата.

    Oд денеска отворени границите, без обврска за тест и карантин

    Нема да има приложување на ПЦР тестови, и без упатување до домашна изолација или спроведување во задолжителен државен карантин.

    Останува обврската за почитување на препораките за носење лична заштитна опрема, држење дистанца и честа дезинфекција

    Владата на последната седница донесе одлука од среда, 1 јули, да бидат отворени за сообраќај и Меѓународниот аеродром Скопје и на Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид. Согласно овие одлуки Владата денеска донесе одлука да биде укината забраната за организиран превоз, која исто така стартува од денеска.