Мени

Од денеска зголемување на платите во образованието за нови 7,5 отсто

01.04.2026 21:20 | KumanovoNews

Од денеска ќе имаме зголемување на платите во образованието за нови 7,5 отсто, кажа премиерот, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос тоа дека се најавени зголемувања на платите во образованието и кога би можело да се очекува. 

Од денеска зголемување на платите во образованието за нови 7,5 отсто

„Од денеска ќе имаме зголемување на платите во образованието, што е дел од оној колективен договор којшто го имаме за нови 7,5%. Или што би се рекло, ако почнеме од ноември месец 2024, па до сега, над 20 отсто за година и половина се зголемени платите на вработените во образованието, откако оваа Влада е избрана“, кажа премиерот.