×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Од јули ќе се врати евтината тарифа на струја по два часа дневно

    04.05.2023 15:54 | KumanovoNews

    Ќе се врати евтина тарифа на струјата преку ден во домаќинствата, која беше укината минатата година поради енергетската криза, поради падот на цената на струјата на светската берза.

    Од јули ќе се врати евтината тарифа на струја по два часа дневно

    „До почетокот на јуни треба да бидат направени сите анализи за враќање на евтината тарифа. Цените на светската берза бележат значителен пад и тоа овозможува повторно да се воведе евтина струја два часа преку ден“, вели Марко Бислимоски претседател на Регулаторната комисија за енергетика.

    Бислимоски вели дека цените сега овозможуваат ЕСМ и ЕВН хоум да набавуваат струја на слободниот пазар, со цел да се чуваат ресурсите односно јагленот и водата за зимскиот период, кога не се знае какви ќе бидат цените на струјата.

    Евтината тарифа преку ден беше воведена во октомври 2017 година. Владата ја укина на 1 јануари  2022 година, кога имаше зголемување на цената на електричната енергија за 9,48 отсто. Ако останеше евтината тарифа граѓаните ќе требаше да плаќаат поскапа струја за 14,23 отсто.

    Граѓаните и понатаму користат евтина струја само во текот на ноќта, од 22 до 7 часот секој ден и во недела цел ден.