Од куќа украдени пари и златен накит
21.11.2015 13:02
| KumanovoNews
Од куќа на улицата ул.„1-ви Мај“ во Куманово непознат сторител украл пари и златен накит.

Кражбата се случила вчера, додека сопствениците не биле дома. Разбојникот ја прескокнал оградата од куќата сопственост на З.Ш.(53) и на сила ја отворил влезната врата. Влегол внатре и одзел златен накит и 550 евра по што побегнал. При тоа се стекнал со протовправна имотна корист од околу 743.500 денари.Увид на лице место извршила увидна екипа од СВР-Куманово и се работи на целосно расчистување на случајот.