×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Од ноќеска горивата поевтини за половина денар

    08.01.2020 12:55 | KumanovoNews

     Регулаторната комисија за енергетика денеска одлучи од ноќеска на полноќ за половина денар да поевтинат бензините, дизелот и екстра лесното масло за домаќинства.

    Од ноќеска горивата поевтини за половина денар

    Новата цена на Еуросупер БС – 98 ќе изнесува 68 денари за литар, 70 денари ќе чини литар Еуросупер БС-98,  62,5 денари на Еуродизел (Д-V), a 51,5 денари литар ЕЛ-1.

    Цената на мазутот M-1 HC се зголемува за 0,305 денари и килограм од тој енергенс ќе се продава за 38,548 денари.

    Намалувањето на цената на нафтените деривати во просек изнесува 0,48 проценти. Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика е донесена врз основа на цената на нафтените деривати на светскиот пазар и курсот на денарот во  однос на доларот во изминатите седум дена.