×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Од полноќ поскапуваат горивата за половина и за еден денар

    23.12.2019 13:06 | KumanovoNews

    Бензинот Еуросупер БС 95 од ноќеска на полноќ поскапува за половина денар, а за денар е повисока цената на Еуросупер БС-98, Еуродизелот (D-E V) и на Екстра лесното масло за домаќинства (ЕЛ-1), одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

    Од полноќ поскапуваат горивата за половина и за еден денар

    Новата цена на Еуросупер БС 95 ќе изнесува 67,5 денари за литар, Еуросупер БС 98 ќе се продава по 70 денари, Еуродизел (Д-ЕV) по 62,5 денари, а екстра лесното масло за домаќинство ќе чини 51,5 денари.

    За 1,932 денари по килограм поскапува мазутот М-1 HC и килограм од тој енергенс ќе се продава по цена од 37,339 денари за килограм.

    Зголемувањето на цената на нафтените деривати во просек изнесува 2,25 проценти.

    РКЕ ја донесе новата цена на горивата врз основа на цените на нафтените деривари на светскиот пазар и курсот на денарот во однос на доларот во изминатите седум дена.