×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Од понеделник на полноќ кабелските оператори ќе ги исклучат сите ТВ канали, освен МРТВ

    27.02.2020 21:31 | KumanovoNews

     Од 2 март на полноќ кабелските оператори ќе ги исклучат сите домашни и странски ТВ канали, освен МТВ1, МТВ2 и Собранискиот канал. Додека трае прекинот нема да наплатуваат услуги, соопшти Здружението на информатичко-комуникациските технологии, кое ги обединува сите оператори.

    Од понеделник на полноќ кабелските оператори ќе ги исклучат сите ТВ канали, освен МРТВ

    „Како општествено одговорни компании и имајќи ја предвид сериозноста на ова прашање, операторите по средбите со државниот врв се согласија да го одложат датумот за прекин за 2 март 2020 година на полноќ, за да остават простор за изнаоѓање законско решение во интерес на граѓаните“, стои во соопштението.

    Заканата за исклучување на сите ТВ канали доаѓа по последните измени на Законот за аудио и аудиовизуелни и медиумски услуги, што Собранието ги донесе на денот на распуштањето, по скратена и нетранспарентна постапка и без претходна јавна расправа.

    Операторите велат дека законските измени им наметнуваат обврска да гарантираат за авторските права на програми кои тие не ги произведуваат, туку само ги реемитуваат и за тоа да сносат материјална и кривична одговорност. Оваа законска обврска за операторите претставува состојба на виша сила и е неприменлива затоа што операторите кои реемитуваат програма не можат да имаат ниту контрола, ниту одговорност за тоа дали се регулирани авторските права за сите поединечни програми што ги создаваат и емитуваат телевизиите.