×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Од септември на „Нагорички сокак„ ќе се вози двосмерно

    05.08.2013 13:32 | KumanovoNews

      На Улицата „Иво Лола Рибар„ или попозната како Нагорички сокак од идниот месец повторно ќе се воспостави двонасочен сообраќај.

    Од септември на „Нагорички сокак„ ќе се вози двосмерно

    Од локалната самоуправа Куманово велат дека во тек е изработка на студија со која ќе го регулира сообраќајот во две насоки.

    Откако ќе се изготви сообраќајната студија за таа сообраќајница на седница на Совет во септември ќе донесеме одлука за промена на двосмерниот тек на сообраќајот на Нагорички сокак. Со тоа ќе се задоволат потребите на граѓаните, особено на сопствениците на трговските дуќани кои што сметаат дека падот на прометот е поради еднонасочниот сообраќај. Јас не го делам тоа мислење но ќе излеземе во пресрет на барањата на граѓаните- изјави градоначалникот Зоран Дамјановски.

    Истовремемно ќе започне и реализација на втората фаза од проектот за еднонасочен сообраќај во градот, на улиците кај основното училиште Бајрам Шабани, кои сега претставуваат тесно грло во сообраќајот во тој дел на градот.