×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Од утре делумна забрана за движење во шумите

    23.06.2022 14:21 | Сузана Николиќ

    Со оглед на зголемената опасност од појава на шумски пожари на отворен простор како резултат на зголемените температури, Јавното претпријатие „Национални шуми“ воведува делумна забрана за движење во шумите и шумското земјиште со кои стопанисува, на целата територија на Република Северна Македонија, по претходно добиена согласност од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.

    Од утре делумна забрана за движење во шумите

    Делумната забрана за движење во шума ќе стапи на сила од 26.06.2022 година во терминот од 6 до 20 часот и ќе трае се до проценката дека е намален ризикот од појава на шумски пожари, односно до нејзино отповикување. 

    Движењето ќе биде дозволено единствено со писмена дозвола издадена од подружниците на ЈП за подрачјето со кое стопанисуваат.

    За непочитување на забраната, односно физички лица кои ќе се затекнат да се движат во шума и шумско земујиште ќе им се изрече глоба од 1500 до 2000 евра.

    Оваа забрана не важи за службените лица од МВР, Шумска полиција, ЦУК, ДЗС и „Национални шуми“.