×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Од утре нема поевтини производи од „есенската кошничка“, Владата најавува строги контроли

    31.10.2024 16:58 | KumanovoNews

    Воведување на поригорозни мерки најавува Владата доколку драстично се зголемат цените на основните прехрамбени производи, откако мерката „eсенска кошничка“ престанува да важи од утре.

    Од утре нема поевтини производи од „есенската кошничка“, Владата најавува строги контроли

    Во ова кошничка беа вбројани 73 производи, а надлежните оценуваат дека дала резултати, затоа што на одредени производи имало намалување на цените за 5 до 10 отсто.

    „Очекувам заедно со коморите, трговците и со производителите да не дојде до дивеење на цените. Ако дојде до тоа, жестоко ќе реагираме и ќе го браниме стандардот на граѓаните со се што имаме како алатка на располагање“, истакна по овој повод премиерот Христијан Мицкоски.

    Доколку од утре, 1 ноември дојде до зголемување на цените на основните прехранбени производи и министерот за економија и труд Бесар Дурмиши најави воведување на поригорозни мерки. Но, министерот очекува од ноември да дојде до дополнително намалување на цените со примената на Законот за нефер трговски практики кој предвидува повеќе од 2 500 земјоделски и прехранбени производи да имаат ограничени маржи до 10 отсто.

    Со владината одлука од 20 септември, на листата на т.н. есенска кошничка се најдоа 73 производи меѓу кои: леб, тестенини, брашно, пекарски производи како бурек и банички со месо и сирење, млеко и млечни производи, месо и преработки од месо, дел од овошјето и зеленчукот, ориз, грав, масло за јадење и дел од конзервираните производи. Сите производи од кошничката требаше да бидат јасно обележани со натписот „помалку трошоци, повеќе за тебе“.

    Владата оценува дека е спречено дивеење на цените, и нивен понатамошен раст, со што се заштитува животниот стандард на граѓаните. Од друга страна, потрошувачите се жалат дека не почувствувале ефекти од мерките, дека цените се превисоки за обичниот граѓанин.