×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Од утре се отвораат трговските центри и обложувалниците, одлучи Владата

    12.05.2020 18:09 | KumanovoNews

    Од утре ќе започнат да се применуваат мерки за заштита од корнавирус со нови протоколи за работа за дејности кои имаат помал ризик, најави премиерот Оливер Спасовски.

    Од утре се отвораат трговските центри и обложувалниците, одлучи Владата

    Од утре ќе започнат  со работа: Завод за рехабилитација на слух, говор и глас – Скопје, центри за едукација, обуки и семинари за возрасни, организација на седници на органи на управување и конференции, авто школи, спортски тренинзи на отворено за индивидуални спортови,спортски и други обложувалници преку шалтер и затворени трговски центри-молови, без угостителските објекти во нив.

     Според Спасовски за да се постигне максимална ефикасност и максимална заштита, ќе се применуваат посебно пропишани протоколи за работа на секоја од овие дејности.

    На пример, дејностите кои се занимаваат со одржување состаноци, седници, обуки, семинари, конференции, настани, ќе можат да ги спроведуваат своите настани во ограничено времетраење од најмногу 6 часа со задолжителна пауза на секои 2 часа.

    Пред почеток на обуките, курсевите, семинарите, учесниците треба задолжително да се известат дека доколку имаат респираторни симптоми (температура, кашлица, отежнато дишење) им се препорачува да го одложат настанот односно да не присуствуваат.

    Настаните ќе се организираат и со ограничен број на учесници согласно просторот со цел, но не повеќе од 30 лица, да се обезбеди физичко растојание на учесниците од 1,5-2м, како и со задолжително носење лична заштитна опрема.

    Во просторијата задолжително треба да се обезбеди средство за дезинфекција на рацете, односно услови за почитување на општите мерки за повисоко ниво на лична и општа хигиена.

    Просторијата почесто да се проветрува, по можност за време на часовите и задолжително во текот на паузите, со забрането групирање на присутните.

    По завршување на настанот, просторијата треба да се исчисти и да се дезинфицира подот со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, во која мора да има обезбедено корпа за отпадоци со капак.

    Владата на денешната седница заклучи да се дозволи службено патување на избрани и именувани лица, во странски држави, со почитување на препораките и протоколите од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство за одржување на потребното растојание и носење на лична заштитна опрема, заради координација и други работни активности поврзани со мерки за COVID-19 како и поради други итни причини кои не трпат одлагање, без спроведување на овие лица во државен карантин по нивното враќање во Република Северна Македонија.

    Согласно епидемиолошката состојба во државата и одлука од Комисијата за заразни болести се дозволува отворањето на затворените трговски центри - моловите, со почитување на строги правила и протоколи за нивна работа во услови на спроведување на мерки за превенција за спречување на појава и ширење на КОВИД-19. Во моловите се уште нема да биде дозволено примање гости во рестораните и кафичите, освен преку систем за нарачка, шалтер или достава.

    Протокол за отворање и работа на моловите предвидува ограничено/скратено работното време (10:00-18:00), со исклучок во недела кога моловите ќе бидат затворени.

    Остануваат задолжителни сите мерки за заштита кои предвидуваат задолжително регулирање на влезот на лица во затворениот продажен центар од страна на овластено лице за да не се дозволи групирање на луѓе во ходниците, задолжителната опрема за лична заштита на купувачите и вработените, како и дезинфекција на просториите во моловите.

    Од утре со работа можат да почнат и спортските и другите обложувалници преку шалтер, согласно протоколот од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство.

    Од утре, со почитување на протоколите за овие дејности, започнуваат со работа на теретаните и фитнес клубови, како и активностите за спроведување тренинг на спортисти во поединечни спортови, во спортски објекти кои можат да ги задоволат техничките и сигурносни услови со можност за физичко растојание од 5 метри помеѓу секој спортист, со обезбедени сите санитарно хигиенски  услови.