×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Одбележан Денот на Европа во Куманово

    08.05.2015 12:27 | KumanovoNews

    Со пригодна културно-уметничка програма денеска на Градскиот плоштад беше одбележан 9 мај-Денот на Европа.

    Одбележан Денот на Европа во Куманово

    Прославата ја организираа Европската делегација и ЕУ Инфо точката при општина Куманово. На свеченоста присуствуваа австрискиот и шпанскиот амбасадор, кои се обратија пред кумановци.

    Многу ми е драго што сум денеска меѓу вас во Куманово. Многу сум среќен што го гледам ентузијазмот со кој се слави овдека во Куманово Денот на Европа. Зборовите кои што ќе ви ги кажам во името на мојата земја, се најпрвин наголемата поддршка за европската иднина на Македонија. Многу се радувам што денес овој Ден на Европа ќе го споделам со вас - изјави шпанскиот амбасадор Рамон Абароа Каранза.

    Австрискиот амбасадор Томас Михаел Бајер кажа дека Куманово е важен центар на средина на двата  коридори, а оваа година неговата земја слави 20 години од зачленувањето во ЕУ.

    Во процесот на влегување во ЕУ ние минавме низ еден многу тежок период. Ги надминавме тие пречки со пожртвуваност и можам да ви кажам дека вредеше. Австрија ја поддржува желбата на Македонија да стане член нас ЕУ и ви посакувам оваа  цел во скоро време да ја постигнете, да ги надминете сите пречки кои ви се наметнати и може да сметате на помош од Австрија - рече Бајер.

    Градоначалникот Зоран Дамјановски вели дека Куманово е град каде се негуваат европските вредности како толеранција, соживот, разбирање, владеење на право и слично.

    Овој убав ден ни е временски наклонет во пресрет на 9 мај Ден на Европа и Ден на победа над фашизмот. Секоја година во последните десет години, тука на Градскиот плоштад младите слават 52 години од денот кога Европа се обединува. Водечка точка на европското движење е Куманово. Да живее европска Македонија и сите вие млади да се гордеете во едно големо европско семејство - кажа Дамјановски.

    На плоштадот имаше поставено штандови на кои се промовираа европските земји и други програми за волонтирање и образување во Европа. Прославата ја следеа голем број родители, ученици, граѓани.