Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Припадниците на единиците на АРМ во касарната “Боро Менков” во кумановскиот гарнизон, преку спортски активности денеска го одбележаа “Денот на Меѓународен совет за воени спортови′′.
Одбележувањето започна со постројување на единиците, свечено отварање на “Денот на меѓународен совет за воени спортови′ eкипно натпреварување во влечење јаже, мал фудбал, пинг понг, шах и кошарка.
Во просториите на Здружено Оперативната Команда се отвари фитнес сала со цел припадниците на единиците да ја оддржуваат добрата физичка подготвеност која е неопходна за армискиот позив.
- Целта на овој проект е промовирање на здравјето, физичката кондиција и пријатно чувство низ активности достапни за секој припадник, преку мотото “Спорт за сите”. Заради промовирање на здравјето, физичката кондиција и психофизичкиотментален склоп кај секој припадник на АРМ низ спортски активности развивајки пријатно чувство и поголем елан за работа, транспарентност, но и создавање општа култура за спортување - велат од АРМ.
На крајот од екипните натпреварувања најдобрите екипи се здобија со дипломи од Командантот на гарнизон, потполковникот Али Хајро.
Република Македонија во мај 2005 година е примена како 127 земја членка во овој совет, со што се стекна право на учество на сите меѓународни состаноци и спортски натпревари во негова организација. На 18 - ти февруари во далечната 1948 година е формиран Меѓународниот совет за воени спортови.