Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Одделението за превенција при СВР Куманово денеска го одбележа 9 декември, Денот на превенција.
По тој повод беше организиран преим за соработниците, пред кои беа презентирани активностите и постигнатите резултати на ова одделение во изминатиот период.
Целата оваа работа започна по 2001 година, во соработка со меѓународните мисии од кои што ОБСЕ остана постојан покровител, ни помага и сега преку разни проекти со финансиски средства. Овде се само дел од луѓето кои соработуваат со нас, немавме можност сите да бидат поканети. Во некоја друга прилика и тие ќе бидат тука присутни. Останува дека полицијата е сервис на граѓаните и секогаш ќе биде во служба на граѓанинот. Превенција е во основа работа на секој наш полициски службеник. Самото присуство на полициските службеници на терен делува превентивно кај граѓаните, односно ја зголемува безбедноста - рече Виолета Богдановска, началник на одделение за превенција.
Одделите за превенција официјално започнаа со работа во 2008 година, кога над 100 инспектори се обучувани и добија сертификати од МВР.