×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Одбележан Денот на превенција во полиција

    09.12.2015 13:09 | KumanovoNews

    Во просториите на СВР Куманово денеска беше одбележан 9 декември-Денот на превенција во полиција.

    Одбележан Денот на превенција во полиција

    Пред присутните беа кажани најважните податоци за делувањето на отсекот за превенција и неговото формирање во 2008 година како посебна организациона единица.

    Во соработка и со поддршка на Мисијата на ОБСЕ по завршувањето на обуката на првите инспектори за превенција, при доделување на сертификати за нивна стручност во оваа област на 9 декември 2008 година, истиот ден е прогласен за Денот на превентивната работа на полицијата, а во соработка со заедницата. Денеска заедно со вас со вклучување во сите активности, заедно станавме препознатливи преку многу проекти кои имаат за цел,  а тоа го покажува и статистиката - намалување на криминалот, зачувување на јавниот ред и мир, зголемување на безбедноста во сообраќајот, за сите возрасти и категории на граѓани во оваа наша заедница - изјави Севдаил Џафери, помошник началник во СВР Кумнаово.

    Проектите кои ги работи отсекот за превенција се „Безбедни училишта“, „Сите заедно за безбедно детство“, „Заедно за иста цел“, „Да не биде доцна“, „Детски семафор“ и други проекти кои се насочени кон подобрување на сообраќајната култура, соживотот, спречување на насилство врз деца, семејно насилство и слично.