Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во спомен куќата на Христијан Тодоровски- Карпош во Куманово беше одбележан денот на неговото загинување - 7 февруари.
По тој повод свежо свеќе положија членови на Сојузот на борците Куманово, Здружението на армиски и полициски ветерани, припадници на АРМ, установи, институции, политички субјекти.
Христијан Тодоровски- Карпош загинал на 7 февруари 1944 во борбите против бугарскиот фашистички окупатор при нападот на военото и полициско упориште во селото Биљача, Прешево.
„Тој е еден од осумте народни херои на нашиот град, првоборец во Козјачкиот партизански одред, командант на истиот од 1943 година, командант на баталјонот „Јордан Николов Орце“ од декември 1943 година. Водел многу познати битки, бил извонреден командант и учесник во Народноослободителната борба“, истакна Марија Живачки, директорка на НУ Музеј Куманово.
Свои литературни творби посветени на народниот херој прочитаа Ана Петровска и Ангела Гоергиевска, ученички на основното училиште „Христијан Карпош“, како и Мила Денчиќ и Стефанија Мартиновска, од средното „Перо Наков“. Присутните подоцна ја разгледаа постојаната музејска поставка во куќата на Христијан Тодоровски- Карпош.
Куќата- музеј на Христијан Тодоровски Карпош е споменик на културата, отворена за прв пат во 1979 година. Во 2021 година куќата е целосно реконструирана и изложена е нова постојана поставка, со нови предмети, документи кои го отсликуваат животот и делото на Карпош. Куќата- музеј е отворена за посетителите каде имаат можност да влезат внатре и водич со кој ќе можат да ја погледнат.
Христијан Тодоровски Карпош е роден на 3 септември 1920 година, а во 1939 година поради неговите прогресивни идеи и како член на СКОЈ бил избркан од средното училиште, и не му било да се запише во било кое друго училиште во тогашното Кралство Југославија. Загинал на 22 годишна возраст. За Народен херој е прогласен на 29 јули 1945 година.