×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Одбиваат работа да не бидат вознемирувани

    06.07.2012 11:04 | KumanovoNews

    Жените во Македонија даваат отказ или воопшто не прифаќаат работа доколку постои можност на работното место да бидат сексуално вознемирувани.

    Одбиваат работа да не бидат вознемирувани

    На оваа тема тркалезна маса организира Хуманитарното здружение “Мајка“ и Организација на жени Турчинки “Дерја“ од Скопје.

    Невладините организации имаат целни групи и се трудат истите полесно да дојат до вработување. Иако постои закон за антидискриминација, сепак на локално и на централно ниво до надлежните комисии нема пријавен ниту еден случај. Хуманитарното здружение “Мајка“ направи истражување, во тек е кампања, а потоа ќе се пополнат уште прашалници и ќе се добијат статистички податоци за сексуалното вознемирување.

     Нашата препорака пред се е до институциите. Жените веќе треба да се охрабрат, да се едуцираат, да го препознаат овој проблем и да знаат кои се механизмите кои ги воспоставила државата за да ги користат. Нема информација до целната група каде да пријави. Имаме соработка со двете страни, и се надеваме дека проблемот ќе се намали или ќе се искорени, што  е наша желба - рече Маргaрита Аврамовска, потпретседател на Хуманитарно здружение “Мајка“.

    На истата проблематика работи и Центарот за неформално образование Триаголник од Скопје. Тие имаат партнери во Црна Гора и Босна и Херцеговина.

     Од јануари 2011 година го реализираме проектот АЛТИО - обука за застапување и лобирање на организации кои работат со млади. Се работи на специфичен проблем, а тоа е сексуалното вознемирување кое на некој начин оневозможува да жените ја задржат работата. Оваа организација најде проблем кој тука постои и сака да го реши - вели Мирјана Ѓорѓевска од Центар за неформално образование Триаголник.

    Дваесет европски земји спроведуваат вакви проекти за едукација на жените за сексуалното вознемирување.