×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Одгледувачите на гоџи бери очекуваат добра заработка

    28.07.2015 08:48 | KumanovoNews

    Кумановските одгледувачи на бобинките гоџи бери се надеваат на добар пласман и заработка од оваа култура.

    Одгледувачите на гоџи бери очекуваат добра заработка

    Во околината на градот неколку луѓе веќе имаат засадено гоџи бери. Розита Трендафиловска во селото Челопек има 700 садници на површина од 3 декари. Таа одгледува гоџи 4 и гоџи 1, и вели дека лани промотивно смрзнати и свежи гоџи продала за 360 денари по килограм.

    “За оваа година немам формирано цена. Имам веќе пласман во фирми за здрава органска храна. Гоџи бери бара многу работа, треба да се крои и бербата е тешка и сигурно понатаму за ова ќе треба сезонски работници“-вели Трендафиловска.

    Шеесет годишниот Драшко Јаневски од селото Вак'в има засадено 2620 квадрати површина со гоџи 4 и на третата година очекува берба, а веќе има направено договор за откуп со скопска фирма.

    “Има повеќе врсти на гоџи бери, а јас имам засадено гоџи 4. Една садница треба да роди 5 до 7 кг, додека дрвцето расте 1.5 до 2 м. Си бара работа одгледувањето, но не како другите култури и не сум врзан постојано. Ги наводнувам со систем капка по капка. Не се прска гоџи бери, органско производство е. Треба да се окопува местото, да е чисто за да се оформи дрвце. Син ми видел садници во населба Карпош, и се одлучивме и ние да засадиме“-рече Јаневски.

    Гоџи бери се консумираат сирови или сушени, а популарни се поради своите антиоксидативни својства. Она што е значајно за растението е фактот што е отпорно на болести, инсекти, но го напаѓаат габични заболувања на листовите и плодовите. Ова растение се одгледува во Кина.