Одобрени пари за проект за асфалтен пат во Драгоманце
25.06.2018 09:38
| KumanovoNews
Агенцијата за финансиска подршка на рурален развој одобри 324.497 денари за изработка на техничка документација за изградба на локален патен правец во село Драгоманце, Општина Старо Нагоричане.
Патoт е во должина од 2000 метри, а треба да го поврзе главниот пат со т.н. Старо маало.
„Со сретствата треба да изработиме комплетна техничка документација. За проектот аплициравме во Бирото за рамномерен регионален развој, а деновиве треба да потпишеме договор за изработка на проектот„“, - велат од Општината Старо Нагоричане.
По изработка на проектот Општината ќе аплицира кај домашни и странски донатори за да обезбеди сретства за асфалтирање на улицата.

