×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Одземени фалсификат патики од две кумановски фирми

    10.10.2013 16:01 | KumanovoNews

    Во две фирми во Куманово одземени се фалсификувани обувки и облека од познатите брендови “најк“, “пума“ и “адидас“, откако координативното тело за заштита на интелектуалната сопственост денеска спроведе акција во десет фирми во градот.

    Одземени фалсификат патики од две кумановски фирми

    Против сопствениците поднесени е глоба од 10.000 евра која не е мала, а против одговорното лице на правните субјекти ќе бидат поднесени соодветни пријави. Другите кои беа исконтролирани беа согласно законите и законските прописи во Република Македонија -  изјави Мите Костов, претседател на Координативно тело за заштита на интелектуална сопственост.

    На граѓаните на Градскиот плоштад  им беа поделени флаери со препораки како да разликуваат фалсификати од оригинал. Кампањата е насловена “Останете здрави, користете оригинали“. Фалсификатите обично имаат пониска цена, пакувањето е неквалитетно, текстот на амбалажата има јазични грешки, нема ознаки за распознавање и сигурност на производот или пак производот се продава на тезги на пазар.